1/7
KomPay screenshot 0
KomPay screenshot 1
KomPay screenshot 2
KomPay screenshot 3
KomPay screenshot 4
KomPay screenshot 5
KomPay screenshot 6
KomPay Icon

KomPay

Komercijalna banka AD Skopje
Trustable Ranking Icon
1K+다운로드
16.5MB크기
Android Version Icon6.0+
안드로이드 버전
1.8.3(22-05-2023)
-
(0 리뷰)
Age ratingPEGI-3
다운로드
세부 정보리뷰정보
1/7

KomPay의 설명

KomPay е бесплатна мобилна апликација на Комерцијална банка АД Скопје која овозможува бесконтактно плаќање на продажни места. Преку KomPay, мобилниот телефон станува замена за платежна картичка.


KomPay Ви овозможува да ги дигитализирате Вашите платежни картички и да вршите плаќања на ПОС терминали кои поддржуваат бесконтактни плаќања, без употреба на физичката банкарска картичка.


Можете да изберете со која дигитализирана картичка да се изврши плаќањето. Можностите за користење на дигитализираната банкарска картичка се согласно расположливите средства на сметката на физичката дебитна или кредитна картичка.


Со KomPay можат да се дигитализираат сите Mastercard® картички од Комерцијална банка кои ги поседувате, без оглед дали пластиката која ја поседувате е бесконтактна или не.


Посетете го веб сајтот на Комерцијална банка www.kb.com.mk за повеќе информации и упатства за користење на апликацијата.


ПРЕДНОСТИ

• Вашиот смартфон е секогаш со Вас, а од сега со него ќе можете и да вршите плаќања;

• можете да плаќате секаде каде има ПОС терминали со бесконтактен начин на плаќање (PayPass) и без да ја имате со Вас физичката банкарска картичка;

• секоја Mastercard® картичка од Комерцијална банка може да биде бесконтактна;

• можете да вршите плаќања без активна интернет конекција (до 10 плаќања пред повторно да се поврзете на интернет);

• овозможено е брзо, едноставно и безбедно плаќање, на голем број продажни места секаде во светот;

• се користи најсовремена технологија за плаќање и заштита;

• нема надомест за преземање и активирање на апликацијата;

• бесплатно се регистрираат две Mastercard® картички по корисник во промотивниот рок.


ПОСТАПКА ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА КАРТИЧКА:

• Внесете ги деталите од физичката банкарска картичка, односно бројот на картичката, рокот на важност и CVC2 кодот;

• Ви се испраќа верификациски код како износ на трансакција, кој ќе биде евидентиран како резервирана трансакција на сметката на картичката која ја дигитализирате;

• Внесете го верификацискиот код (3 цифри без децимална точка) во соодветното поле на KomPay;

• Прифатете ги Условите за користење на дигитализирани банкарски картички преку мобилната апликација KomPay;

• Дигитализацијата е успешна со појавување на сликата на соодветната банкарска картичка на екранот.


ПЛАЌАЊЕ ЗА ЕДНА СЕКУНДА

Постапката на плаќање со KomPay е многу едноставна:

• Отворете ја апликацијата и изберете ја картичката со која сакате да платите

• Допрете го смартфонот на терминалот за плаќање

• Плаќањето е реализирано


ДОСТАПНОСТ

Потребно е да имате уред со најмалку Android 5.1 и NFC технологија. Со KomPay можат да се дигитализираат сите Mastercard® платежни картички издадени од Комерцијална банка АД Скопје – дебитни, кредитни, премиум и деловни. Натамошните верзии на апликацијата ќе овозможуваат дигитализација и на Visa картичките на Банката, за што ќе бидете на време известени.


ПОМОШ И ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА

За прашања или евентуални технички проблеми Ве молиме да нѐ контактирате преку нашиот центар за поддршка:

телефон (24/7): +389 (0)2 3247 474

е-mail: support@kb.com.mk

KomPay - 버전 1.8.3

(22-05-2023)
뭐가 새롭나- Подобрувања- Improvements

아직 평가나 리뷰가 없습니다! 첫 번째로 남겨 보세요

-
0 Reviews
5
4
3
2
1

KomPay - APK 정보

APK 버전: 1.8.3패키지: pl.upaid.mdes.komercijalna
안드로이드 호환: 6.0+ (Marshmallow)
개발자:Komercijalna banka AD Skopje개인정보보호정책:http://www.kb.com.mk/kompay/en/privacypolicy.html권한:15
이름: KomPay크기: 16.5 MB다운로드: 9버전 : 1.8.3출시 날짜: 2023-05-22 10:18:02최소 스크린: SMALL지원되는 CPU: x86, x86-64, armeabi-v7a, arm64-v8a
패키지 ID: pl.upaid.mdes.komercijalnaSHA1 서명: 2F:7A:07:91:1A:A0:2B:87:E4:47:2B:A1:1F:27:8E:A8:14:DA:1B:CC개발자 (CN): Android단체 (O): Google Inc.로컬 (L): Mountain View나라 (C): US주/시 (ST): California패키지 ID: pl.upaid.mdes.komercijalnaSHA1 서명: 2F:7A:07:91:1A:A0:2B:87:E4:47:2B:A1:1F:27:8E:A8:14:DA:1B:CC개발자 (CN): Android단체 (O): Google Inc.로컬 (L): Mountain View나라 (C): US주/시 (ST): California
appcoins-gift
AppCoins 게임더 많은 보상을 받으세요!
더 보기